Истанбул,
градот во кој се среќаваат културите од два континента, меѓу другото, ќе ве
изненади и со неповторливите вкусови. .

Јагнешко
Јагнешкото месо е најголемиот деликатес во Турција и се
приготвува на стотици различни начини. Во Истанбул треба да пробате: Кују кебаб
(бавно печено, младо јагнешко месо) и Искендер кебаб (јагнешки донер со
специјални зачини).
Манти
Манти е турската варијанта на равијоли. Тестото се прави од
брашно, вода и сол, а филот доаѓа во повеќе варијанти. Вистинските мајстори
успеваат да направат манти обвивка која е исклучително тенка и која значително
го интензивира вкусот на целото јадење.
Риба
покрај Босфор
Нешто што дефинитивно мора да искусите во Истанбул е
уживањето во риба и турска ракија, во некој од рестораните покрај Босфор. Видот
на рибата не е толку важен, колку што е важна свежината на рибите што се служат
таму.
Баклава
Турската баклава е вистински деликатес во светот на
десертите со шербет. Вистинските мајстори слаткари во Истанбул ја приготвуваат
баклавата со најквалитетно тесто, ореви и ф'стаци, создавајќи навистина
неповторлив вкус.
Локум
Локумот е
можеби најпознат од турските десерти, а најквалитетните локуми ќе ги најдете во
срцето на Истанбул - во Капали Чаршија. За да добиете комплетна претстава за
магијата на локумот, купете асортиман локуми, по едно парче од секој од
десетиците.
No comments:
Post a Comment