
Златниот
Рог е
залив, на
границата меѓу Босфор и Мраморното Море со должина од 12,2 км,
ширина 92-120 метри и длабочина 47 метри. Исто така и полуостровот кој се пружа долж заливот е
наречен Златен Рог.
Историски, Златниот Рог
претставува најголема стратершка точка во реонот на денешен Истанбул. Во
времето на Византија, по должината на брегот биле изградени ѕидини за заштита на градот од
поморски напади. Овој предел на
Истанбул располага со непроценливо историско богатство како што се сараји,
џамии, музеи, мозаици, фонтани...
Топкапи Сарај
Палатата
Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија.
Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на
Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул
Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен
апарат.
Топкапи
Сарај е подигнат во средината на 15-ти век, по наредба на султанот Мехмед II
„Освојувачот“. Градбата била направена врз старо византиско утврдување, а од 1985 е под заштита на УНЕСКО.
Топкапи
во превод значи: „Дворец на топовските врати“,Најзначајни
и најпосетени делови од денешниот музеј Топкапи се Султанскиот совет, Харемот и
Кулата на праведноста, чиј светилник се гледа надалеку и претставува симбол за
„вечната будност на царштината“. Интересно е што во овој музеј се чува и мечот
на исламскиот пророк Мухамед, којшто претставува многу важен артефакт за сите
Муслимани.

Аја Софија
Како прекрасна силуета црквата Света Софија се воздигнува во
Истанбул. Врз основа на денешниот изглед на црквата, на денешните посетители,
тешко им е да го откријат пропаднатиот сјај на црквата, од златното време на
Византија. Бурната судбина на црквата Света Софија – од христијанска црква, до
муслиманска џамија и се до музеј – има оставено свои трагови.
Нејзината изградба е започната во 532
година, а е завршена во 537. Аја Софија станала најмоќната и најпочитуваната
црква во Христијанството за не повеќе од 1000 години. Нејзината должина
изнесува 82 метри, ширината 37 метри, а висината 55.60 метри.Главна купола, која е висока 55.60 метри, нема изгубено ниту дел од својот сјај. Истата, претставува
критериум при изградба на бројни џамии на истокот и многу цркви.
Завршената црква Света Софија (боженствена мудрост), станала
свето место на источното христијанство. Така останало се до 1453 година, кога
Турците го освојуваат Константинопол и тогаш бил преименуван во Истанбул. Со
бескрајно жалење на христијанскиот свет, Турците ја трансформираат црквата во
џамија. Во 1935 година Kemal Atatürk ја прогасува црквата Света Софија за
музеј.

Сината Џамија – Султан Ахмедовата Џамија
Сината Џамија, позната уште како и Султан Агмедовата
Џамија, е
подигната по наредба на султаон Ахмед I, во периодот помеѓу 1609 и 1616 година. Султан
Ахмедовата џамија го добила своето неофицијално име, поради порцеланските
плочки со кои е украсен ентериерот. Од трите застапени бои: бела, зелена и
сина, токму сината остава најголм впечаток, па оттаму и името Сина џамија.
Денес, во склоп на џамијата се наоѓа и гробот на нејзиниот основач, медреса,
како и конаци.
Керамичките плочки се врвен пример за нејзината
уникатност, таа е изградена со точно 21,043 парчиња рачно изработени керамички
плочки, кои колективно ја именуваат како Сината Џамија, по нивната боја.
Џамијата има 16 платформи. Бројот за 16 платформи, е референца поради фактот
што Султан Ахмед бил 16ти султан на Отомансите достигнувања. Исто така оваа
џамија има 6 минариња, со што таа била првата џамија која има 6 минариња.
Гробот на Султан Ахмет I се наоѓа во предниот ден од дворот на џамијата. Сптори него се наоѓа
германскиот подарок до отоманците, Alaman Cesmi. Фонтана која била подарена од германците во знак на одбележување на
посетата на Каишер Вилхелм во 1901 година чиишто парчиња за изградба на
фонтаната била произведени во Германија.
No comments:
Post a Comment