Истанбулските мостови
Босфорскиот мост (турски: Boğaziçi
Köprüsü) е еден од двата моста кои се протегаат на босфорскиот
теснец во
Истанбул, Турција. Овој мост ги поврзува Анадолија со Европа. Мостот
се наоѓа меѓу Ортакој од европска страна и Бејлергеј на азиска страна. Градбата е започната во Фебруар1970 година, а свечено е отворен на 30 Октомври 1973 година, ден по прославата на 50 годишнината од прогласувањето на модернаРепублика Турција.
Долг е 1.622 метри а неговата ширина е 34 метри. Распонот помеѓу
столбовите изнесува 1.074
км, нивната висина е 165 метри, а висината на мостот над водата е 64 метри. Дневниот
промет е 180-200.000 возила, 90% од нив се патнички моторни возила, другото се
товарни и автобуси. Наплатата на ”мостарината” е еднократна и се врши Азискиот дел. Во 1997 година забележан е премин ма милијардитото возило преку
мостот.
Мостот Фатих Султан Мехмет е еден од двата моста кои се наоѓаат во Истанбул, Турција. Овојмост се наоѓа на Босфорот,
поврзувајќи ги Анадолија со Европа. Овој
мост е посветен на султанот Мехмед
II кој го
освоилКонстантинопол во 1453 година. Неговата висина над морето изнесува 64
метри.
Мостот
Галата е мост кој се наоѓаа во Истанбул, Турција. Овој мост се наоѓа на Златниот Рог. Мостот бил на повеќе пати
рушен, а за последен пат бил обновен во 1994 година.
Тој е петтиот мост во историјата кој
преминувал преку познатиот канал на Босфорот, Халич, четирите претходни мостови
денес не постојат, на нивното место постојат уште два моста кои се изградени во
поново време.
Мостот Галата е долг 490 метри, а
широк 42 метри, во средината се наоѓа дел кој со помош на сајли се подигнува, а
тој дел е со должина од 80 метри, кој е наменет за поминување на големите
бродови, кои се укотвуваат во каналот Халич.
По мостот денес поминува модерен пат
со по 3 ленти во двете насоки и по една во двете насоки за пешаци.



No comments:
Post a Comment