
Низ годините, земјотресите и пожарите, уништените делови од Истанбул, во секое време докажуваат дека градот се роди поново. Едни од најуништените и подмладени делови од Истанбул се Каракој и Бејоглу. Каракој уште е познат и како Галата. Еден од најинтересните аскепкти на Каракој е тоа што можете да ги видите убавините на полуостровот од поинаква перспектива. Денес, два моста ги поврзуваат полуостровот и Каракој (Галата). Овие две населби располагаат со интересни и привлечни места за туристите.

Џамија под земјата
Уште едно високо рангирано богатство на Истанбул, кое што
е сместено во населбата Каракој. Оваа џамија (Yeralti Mosque) е прва џамија во светот која што е изградена
под земјата. Изградена 7 метри под површината, џамијата била изградена од
страна на турскиот архитект Емре Аролат. Таа се наоѓа на 1200 метри квадратни
под земјата.

Кулата Галата
Кулата Галата - Galata
Tower се наоѓа во Истанбул, Турција Сместена е во населбата Галатa, во близина на Златниот Рог. Од
страна на венецијаните, кулата е позната и како Христова кула.
Лулата која е изградена од камен е
висока 66,90 метри (62,59 метри без украсот на врвот). Во времето кога била
изградена, таа била највисоката градба во градот. Кулата има надворешен
дијаметар од 16,45 метри во основата, 8,95 метри со дијаметар од внатрешната
страна, а ѕидовите се дебели 3,75 метри.
На нејзиниот највисок спрат денеска
постои ресторан кој дополнително дава еден величествен поглед на Истанбул и на Босфорот. Исто така на горниот кат
се наоѓа ѝ ноќен
клуб. Влезот на кулата е претставен на турската
банкнота од 10 лири.

Румели Хисар тврдина
Румели Хисар (Римска тврдина или Румелиска тврдина - Rumeli fortress) е тврдина која се наоѓа во Саријер, област
на Истанбул, Турција, на еден
рид на европската страна на Босфорот. Таа го
дава името на населбата околу неа. Румелихисар е изграден од страна на
османлискиот султан Мехмед
II, помеѓу 1451 и 1452 година. Румелихисар се наоѓа на
најтеснит дел од Босфорскиот теснец од 660 метри.
Главната кула која се наоѓа на север и е во цилиндрична форма, е висока
28 метри (92 стапки), со дијаметар од 23,30 метри и нејзините ѕидови се 7 m
дебели.
Халил паша кула, која е во форма на призма, е сместена во средината на
тврдината, е висока 22 метри со дијаметар од 23,30 метри и дебелина на ѕидините
до 6,50 метри. Главната кула се наоѓа на на југ. Таа има цилиндрична форма и е
висока 21 метри (69 стапки), со дијаметар од 26,70 метри и дебелина на ѕидините
од 5,70 m.

Кула киз
Кула Киз - Leander's Tower се наоѓа на еден мал остров во близина на брегот на Ускудар во Истанбул, Турција. Кулата е
еден од најромантичните објекти во Истанбил. Оваа градба е единствената во
Ускудар која датира од византиско време. Кулата чија митска историја започнува
во околу 2.500 п.н.е. е изградена врз мал остров кој се наоѓа на местото каде
се среќаваат водите на Црно и Мраморно Море.
Кулата
била изградена во времето на Алкивиад во 408
п.н.е. целта на
изградбата била поголема контрола на движењата на персиските бродови во
теснецот. Во 1995 година, холдингот Хемоглу добил право за управување
на кулата за 49 години. По реставрацијата, за прв пат кулата била отворена во
2000 година. Денеска, во внатрешноста на кулата има кафуле и ресторан, со
одличен поглед кон поранешната римска, византиска и отоманска престолнина. Приватни чамци даваат услуга за патување до кулата по неколку
пати на ден.

Капали Чаршија
Капали чаршија (затворена чаршија – Kapalıçarşı) е една од
најголемите и најстарите покриени пазари во светот. Комплексот се состои од 12
основни згради и располага со 22 порти, кои се наоѓаат на 85 улици кои собираат
меѓу 250.000 и 400.000 посетители на ден.
Изградбата на Капали
Чаршија започнала во зимата 1455/56 година. Султанот
Мехмед II подигнал импозантна зграда за трговците со текстил, на местото што
претходно било збиралиште на византиските пекари. Од таа точка, подоцна почнал
да се шири пазарот кој ја добил денешната димензија веќе на почетокот од 17-ти
век.
Минатата
година, Капали Чаршија го прослави својот 550-ти роденден, со што стана еден од
најстарите покриени пазари во светот и дефинитивно најпосетуваниот. Пазарот е
отворен секој ден (освен недела и државни празници).
No comments:
Post a Comment