Friday, December 12, 2014

Почетна

Истанбул и најразвиен и најголем град во Турција, последните откритија укажуваат дека историјата на човештвото во Истанбул, датира од пред 400,000 години. Мегаријанците се населиле и го основале градот Византија, кој подоцна го позајмил името на Византиската Империја..                                         



Денес, историскиот полуостров е најубавиот дел од Истанбул, и тој е стратегиски добро поставен. Градот е опкружен со море, зачинето со островите, заедно со Златниот Рог (Haliç), и заливот кој води по должината на полуостровот, го прават Истанбул уникатно место, и земајки ја предвид неговата долга историја, град кој многумина сакаат да го освојат. Од желбата да се поседува, градот не може да се објасни само по неговата стратегиска позиција или неговата ненадмината убавина, тој има различна атракција, мистичен магнетизам кој многу држави, империи и освојувачи се обидувале да ги поседуваат. Овие атракции подлежуваат на долги историски конфликти, освојувања и окупации помеѓу они кои биле решени да го задржат своето место во градот, и оние кои се бореле да го освојат.

За повеќе оф 1,500 години, Истанбул бил главен град на две империи, прво Византиска, а потоцна Отоманска. Разубавен соодветно со прекрасни споменици, станува метропола каде што разновидни култури, нации и религии се среќаваат. Овие култури, нации и религии се само мали парчиња од прекрасниот мозаик на Истанбул. Можеби, овие мали парчиња не значат многу за некого, но како целина тие ја прават уникатната величина на Истанбул.                                                     
Не постои друга светска метропола која што се наоѓа на сва континенти. Еден поминат ден во следењето на трагите од три прекрасни империи, кој служел како главен град на нивните места, џамии-споменици предизвици на времето, антички цркви и нивните вредни богатства... Истанбул е уникатна географија. Мост каде што не само северот и југот се спојуваат, туку и место каде што се среќаваат минатото и сегашноста, антиката и модерниот.                                                      

No comments:

Post a Comment