Friday, December 12, 2014

Почетна

Истанбул и најразвиен и најголем град во Турција, последните откритија укажуваат дека историјата на човештвото во Истанбул, датира од пред 400,000 години. Мегаријанците се населиле и го основале градот Византија, кој подоцна го позајмил името на Византиската Империја..                                         



Денес, историскиот полуостров е најубавиот дел од Истанбул, и тој е стратегиски добро поставен. Градот е опкружен со море, зачинето со островите, заедно со Златниот Рог (Haliç), и заливот кој води по должината на полуостровот, го прават Истанбул уникатно место, и земајки ја предвид неговата долга историја, град кој многумина сакаат да го освојат. Од желбата да се поседува, градот не може да се објасни само по неговата стратегиска позиција или неговата ненадмината убавина, тој има различна атракција, мистичен магнетизам кој многу држави, империи и освојувачи се обидувале да ги поседуваат. Овие атракции подлежуваат на долги историски конфликти, освојувања и окупации помеѓу они кои биле решени да го задржат своето место во градот, и оние кои се бореле да го освојат.

За повеќе оф 1,500 години, Истанбул бил главен град на две империи, прво Византиска, а потоцна Отоманска. Разубавен соодветно со прекрасни споменици, станува метропола каде што разновидни култури, нации и религии се среќаваат. Овие култури, нации и религии се само мали парчиња од прекрасниот мозаик на Истанбул. Можеби, овие мали парчиња не значат многу за некого, но како целина тие ја прават уникатната величина на Истанбул.                                                     
Не постои друга светска метропола која што се наоѓа на сва континенти. Еден поминат ден во следењето на трагите од три прекрасни империи, кој служел како главен град на нивните места, џамии-споменици предизвици на времето, антички цркви и нивните вредни богатства... Истанбул е уникатна географија. Мост каде што не само северот и југот се спојуваат, туку и место каде што се среќаваат минатото и сегашноста, антиката и модерниот.                                                      

Интересни факти за Истанбул




Неколку важни факти за овој брезвременски величенствен град:

* 13.954.737 жители 

* единствен кој се распространува на 2 континенти

* први знаци на населување 7 века п.н.е.

* трет по големина град во светот

* 27ми најскап град во светот

* 16% од вработената популација во Турција е вработена во Истанбул

* 1/3 од турските комерцијални компании се наоѓаат во Истанбул

* 55% од Турскиот увоз и 60% од турскиот извоз се произведува во Истанбул


Златен Рог – историскиот полуостров




Златниот Рог е залив, на границата меѓу Босфор и Мраморното Море со должина од 12,2 км, ширина 92-120 метри и длабочина 47 метри. Исто така и полуостровот кој се пружа долж заливот е наречен Златен Рог.
Историски, Златниот Рог претставува најголема стратершка точка во реонот на денешен Истанбул. Во времето на Византија, по должината на брегот биле изградени ѕидини за заштита на градот од поморски напади. Овој предел на Истанбул располага со непроценливо историско богатство како што се сараји, џамии, музеи, мозаици, фонтани...

Топкапи Сарај
Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.
Топкапи Сарај е подигнат во средината на 15-ти век, по наредба на султанот Мехмед II „Освојувачот“. Градбата била направена врз старо византиско утврдување, а од 1985 е под заштита на УНЕСКО.
Топкапи во превод значи: „Дворец на топовските врати“,Најзначајни и најпосетени делови од денешниот музеј Топкапи се Султанскиот совет, Харемот и Кулата на праведноста, чиј светилник се гледа надалеку и претставува симбол за „вечната будност на царштината“. Интересно е што во овој музеј се чува и мечот на исламскиот пророк Мухамед, којшто претставува многу важен артефакт за сите Муслимани.

Аја Софија
Како прекрасна силуета црквата Света Софија се воздигнува во Истанбул. Врз основа на денешниот изглед на црквата, на денешните посетители, тешко им е да го откријат пропаднатиот сјај на црквата, од златното време на Византија. Бурната судбина на црквата Света Софија – од христијанска црква, до муслиманска џамија и се до музеј – има оставено свои трагови.
Нејзината изградба е започната во 532 година, а е завршена во 537. Аја Софија станала најмоќната и најпочитуваната црква во Христијанството за не повеќе од 1000 години. Нејзината должина изнесува 82 метри, ширината 37 метри, а висината 55.60 метри.Главна купола, која е висока 55.60 метри, нема изгубено ниту дел од својот сјај. Истата, претставува критериум при изградба на бројни џамии на истокот и многу цркви.
Завршената црква Света Софија (боженствена мудрост), станала свето место на источното христијанство. Така останало се до 1453 година, кога Турците го освојуваат Константинопол и тогаш бил преименуван во Истанбул. Со бескрајно жалење на христијанскиот свет, Турците ја трансформираат црквата во џамија. Во 1935 година Kemal Atatürk ја прогасува црквата Света Софија за музеј.

 Сината Џамија – Султан Ахмедовата Џамија
Сината Џамија, позната уште како и Султан Агмедовата Џамија, е подигната по наредба на султаон Ахмед I, во периодот помеѓу 1609 и 1616 година. Султан Ахмедовата џамија го добила своето неофицијално име, поради порцеланските плочки со кои е украсен ентериерот. Од трите застапени бои: бела, зелена и сина, токму сината остава најголм впечаток, па оттаму и името Сина џамија. Денес, во склоп на џамијата се наоѓа и гробот на нејзиниот основач, медреса, како и конаци.
Керамичките плочки се врвен пример за нејзината уникатност, таа е изградена со точно 21,043 парчиња рачно изработени керамички плочки, кои колективно ја именуваат како Сината Џамија, по нивната боја. Џамијата има 16 платформи. Бројот за 16 платформи, е референца поради фактот што Султан Ахмед бил 16ти султан на Отомансите достигнувања. Исто така оваа џамија има 6 минариња, со што таа била првата џамија која има 6 минариња.
Гробот на Султан Ахмет I се наоѓа во предниот ден од дворот на џамијата. Сптори него се наоѓа германскиот подарок до отоманците, Alaman Cesmi. Фонтана која била подарена од германците во знак на одбележување на посетата на Каишер Вилхелм во 1901 година чиишто парчиња за изградба на фонтаната била произведени во Германија.

Вкусот на Истанбул




Истанбул, градот во кој се среќаваат културите од два континента, меѓу другото, ќе ве изненади и со неповторливите вкусови.                                          .
Јагнешко
Јагнешкото месо е најголемиот деликатес во Турција и се приготвува на стотици различни начини. Во Истанбул треба да пробате: Кују кебаб (бавно печено, младо јагнешко месо) и Искендер кебаб (јагнешки донер со специјални зачини).

Манти
Манти е турската варијанта на равијоли. Тестото се прави од брашно, вода и сол, а филот доаѓа во повеќе варијанти. Вистинските мајстори успеваат да направат манти обвивка која е исклучително тенка и која значително го интензивира вкусот на целото јадење.

Риба покрај Босфор
Нешто што дефинитивно мора да искусите во Истанбул е уживањето во риба и турска ракија, во некој од рестораните покрај Босфор. Видот на рибата не е толку важен, колку што е важна свежината на рибите што се служат таму.

Баклава
Турската баклава е вистински деликатес во светот на десертите со шербет. Вистинските мајстори слаткари во Истанбул ја приготвуваат баклавата со најквалитетно тесто, ореви и ф'стаци, создавајќи навистина неповторлив вкус.

Локум
Локумот е можеби најпознат од турските десерти, а најквалитетните локуми ќе ги најдете во срцето на Истанбул - во Капали Чаршија. За да добиете комплетна претстава за магијата на локумот, купете асортиман локуми, по едно парче од секој од десетиците.